Артан Груби, поранешен вицепремиер на Северна Македонија и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд се најновите имиња на црната листа на САД, пренесува агенцијата Мета.
„Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Северна Македонија и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033“, стои во соопштението на Стејт департментот.
На листата заедно со Груби, се назначени и членовите на неговото потесно семејство.
Американската амбасадорка Ангела Агелар денеска напиша дека сместувањето на Артан Груби и Енвер Беџети на листата е доказ дека политичкото мешање во судството не може и нема да се толерира.
„Соединетите Држави ќе продолжат да ги именуваат оние кои се впуштаат во значителна корупција што ги поткопува демократските институции и ја нагризува довербата на јавноста. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок“, напиша Агелар.