Скопје се најде на 192-то место во светот од вкупно 209 градови во светот според цените за живот за странски работници според годишното рангирање на организацијата „Мерсер“. Во споредба со лани македонскиот главен град во 2021 година има раст од 10 позиции на рангирањето во кое се споредуваат цените на повеќе од 200 различни производи и услуги како домување, транспорт, храна, облека, намирници и забава.
Кога ќе се спореди со другите градови од регионот, Скопје е најевтин на овогодишното рангирање. Најскап град за живеење на странци на Балканот е Атина, која се наоѓа на 115-тото место во светот, по што следуваат Љубљана (126), Тирана (152), Белград (163) и Сараево (168).
Најскап град во светот за странски работници оваа година е Ашхабат. Главниот град на Туркменистан, според „Мерсер“, се најде на водечкото место поради финансиската криза во земјата која довела до недостиг на храна и хиперинфлација.
На првите 10 позиции се наоѓаат уште и Хонг Конг, Бејрут, Токио, Цирих, Шангај, Сингапур, Женева, Пекинг и Берн.
Најевтинг град на овогодишното рангирање е главниот град на Киригстан, Бишкек, а на последните пет позиции се уште и Лусака, Тбилиси, Тунис и Бразилија.
Оваа година највисок скок на рангирањето Порт о Пренс во Хаити, кои имаат скок од 83 позиции, додека најголем пад има Викторија на Сејшелите кој назадуваше 145 позиции.