„Училница“ на 29 мај од 12 часот организира бесплатна, еднодневна работилница за астрономија со деца.
„На часот ќе ги намалиме небеските тела за 10 милијарди пати и ќе се прошетаме низ Сончевиот систем. Целта на оваа вежба е преку игра децата полесно да ги разберат планетите, нивната големина и раздалеченост. На работилницата ќе гледаме низ вистински телескоп и ќе го набљудуваме Сонцето. По часот секој дома ќе си оди со малечка макета од омилената планета“, велат од „Училница“.
Од таму посочуваат дека астрономијата е една од најстарите науки.
„Без разлика на возраста, таа нè вчудовидува и инспирира сите нас. Желбата да се истражи непознатото е особено изразен кај децата кои од најрана возраст покажуваат неверојатен интерес за оваа сфера“, соопштува „Училница“.
Работилницата ќе ја води Радан Митровиќ, основач на Скопско астрономско друштво (САД) и предавач во планетариум при МКЦ.
Заинтересираните за еднодневната работилница потребно е да ја пополнат онлајн апликацијата за учество – https://m257645.typeform.com/to/JRytuvPc
„Настанот е од отворен карактер, но обезбедете си го вашето место со брзо пријавување. Бројот на деца е ограничен“, се вели во најавата.
„Училница“ е платформа за едукација на деца и млади. Тука искуствено ги развиваат вештините за реализација на детските афинитети.
Целосната програма на „Училницата за астрономија“ – ТУКА.
Настанот ќе се одвива на отворено и строго ќе се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19. Односно, носење маски, одржување физичко растојание и задолжителна дезинфекција.