Атанас Костовски, Љупчо Јолевски, Иван Антоновски и Делвина Крлуку добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски се добитници на Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во областа на новинарството, додека истата награда за остварувања во областа на публицистиката ја делат Иван Антоновски и Делвина Крлуку.

Одлуката била донесена од Одборот за доделување на државната награда на седница одржана на 15 ноември.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември во 10:30 часот, во свечената сала на Собранието.

Хаџи Василев-Јасмин е наречен „првото перо“ на македонското новинарство и публицистика, а бил и прв претседател на Здружението на новинарите на Македонија.

Наградата за првпат е доделена во 1969 година.