„Аудиција” на театарот „Војдан Чернодрински” на фестивал во Србија

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински” ќе учествува на 11. издание на амбиенталниот театарски фестивал „Нови тврдина театар”, во Чортановци, Србија, со претставата „Аудиција” во режија на Владимир Милчин.

Претставата ќе биде изведена во конкуренција на други пет претстави од регионот, а изведбата е во „Вила Станковиќ“, која од неодамна е промовирана како нова амбиентална театарска сцена.

„Претставата „Аудиција“, во која играат Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски, зборува за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината“, известија од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Фестивалот се одржува од 26 август до 2 септември.