Стартап Македонија неодамна ја лансираше првата дигитална платформа за стартапи. Целта на платформата е да ги направи стартапите видливи, да ги зајакнува и да ги вмрежува преку нудење квалитетни информации.
За нејзиното функционирање, но и за состојбата на стартап екосистемот во државата, разговаравме со најмладиот член на Стартап Македонија, Марија Димовска.