На нешто повеќе од еден месец до крајот на 2014, музичкиот магазин NME ја објави традиционалната листа на најдобрите албуми на годината. На неа се најдоа изданија на познати и искусни музичари и групи, но и дебитантски албуми на млади таленти.
На врвот на листата е американската кантавторка и мултиинструменталистка St. Vincent, со нејзиниот четврти студиски албум, именуван едноставно „St. Vincent“, кој излезе во февруари. Според музичките уредници на NME, во овој албум, артистката созреала во комплетен музичар и дошла „најблиску што може да дојде до Ziggy Stardust на 21-от век“.
„Ниту еден друг албум не го дестилира подобро хаосот и конфузијата на овие скршени времиња и никој друг не се претвори од песнописец во икона-во-очекување, како што тоа го стори St. Vincent“, се вели во образложениот на одлуката нејзиниот албум да биде прогласен за најдобар во 2014.
Слушнете го целиот албум „St. Vincent“, а подолу и најдобрите десет за годинава во изборот на NME. Целата листа на најдобрите 100 албуми на годинава можете да ја погледнете тука.
2. Mac DeMarco – „Salad Day’s“
3. The War On Drugs – „Lost In The Dream“
4. Aphex Twin – „Syro“
5. Caribou – „Our Love“
6. La Roux – „Trouble In Paradise“
7. Merchandise – „After The End“
8. Jamie T – „Carry On The Grudgе“
9. Sleaford Mods – „Divide And Exit“
10. Ex Hex – „Rips“