Во вториот подкаст „Skills that pay the bills“ зборуваме за организација на настани и иницијативи со неколку менаџери и активисти.
Петар Антевски и Петар Лазаров се тренери на обуките за вештини за млади. Тие разговараат за менаџирање и организација на настан, како тече целиот процес од идеја до реализација, но и за типови на настани и тимска работа.
Анастасија Петревска се наврати на предизвиците и организацискиот процес за протестите и Автономната зона на Студентскиот пленум, додека Огнена Ристовска од агенцијата „Моментум“, меѓу другото, за Радио МОФ објаснува како тече организација на настани од јавен и комерцијален карактер.
Целта на „Skills that pay the bills“ е да ангажира млади лидери преку граѓанското учество и претприемнички активности. Исто така, да го зголеми информираниот јавен дискурс за клучните демократски и економски прашања со кои се соочува македонската младина.
Подкастот е реализиран во склоп на проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“ и е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).