Театарската претстава „Види, летам!“ во режија на Ивана Ангеловска кон крајот на ноември минатата година беше одиграна и пред штипската публика.
Основна цел на овој театарски проект на независниот „Вондерленд театар“ е да се поттикне емпатијата кон бегалците и лицата без државјанство.
Петмината млади актери на театарската сцена, прикажаа автентични искази и приказни на луѓе кои успеале да се спасат од војна, но и на граѓани кои се без државјанство.
Премиерно, претставата беше одиграна во МНТ во Скопје, а освен во Штип, беше изведена во Тетово, Куманово и Гевгелија. Проектот е поддржан од УНХЦР и Младински образовен форум (МОФ).
Авторка: Милена Тасева
I година СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип
*Оваа објава е дел од #МладинскиГлас – мини рубрика на Радио МОФ каде се објавуваат содржини од членовите на младинските новинарски клубови на Радио МОФ. Прилогот е изработен од клубот во Штип под менторство на новинарката Александра Ристевска.