Слушнете го десеттиот подкаст од серијалот „Skills that pay the bills“ во кој се концентрираме на активизмот како еден важен сегмент на демократското владеење. Зборуваме за повеќе аспекти од граѓанскиот и младинскиот активизам, но и за поддршката на бизнис секторот на граѓанските акции.
Гостин соговорник во подкастот е Душица Савовска од маркетинг агенцијата „Идеја плус“, која ја креираше кампањата за УНИЦЕФ „Биди фер – за детство без пречки“.
Со студентот на Факултетот за драмски уметности и активист од Шарената револуција, Јаков Спасов зборуваме за важноста на протестите и будењето на граѓанското општество во изминатите години.
На крајот е и разговорот со Алекандра Живковиќ, тренер на обуката „Младински активизам“. Меѓу другото, таа објаснува за различните форми и механизми на демократско владеење, за комуникацијата со институциите и алатките за граѓанско вклучување.
Целта на подкастот „Skills that pay the bills“ е да ангажира млади лидери преку граѓанското учество и претприемнички активности. Исто така, да го зголеми информираниот јавен дискурс за клучните демократски и економски прашања со кои се соочува македонската младинa.
Подкастот е реализиран во склоп на проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“. Спроведуван е од Младински образовен форум и Институтот за европска политика (ЕПИ), а е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).