Слушнете го деветтиот подкаст од серијалот „Skills that pay the bills“, кој го посветивме на маркетингот и неговата важност во развојот на креативни и бизнис идеи и пораки.
Со Надица Чесмаџиска, тренер по обуката за маркетинг, зборувавме за основите за маркетингот, атрактивни кампањи и нивните насоки, но и за герила-маркетинг.
За идните можни маркетинг трендови, за работење на големи кампањи и услугите кои најчесто ги бараат фирмите разговаравме со Ира Стефанов Бабиќ, ко-основач на агенцијата „Бренд Јунион“, една пионерите за дигиталниот маркетинг во Македонија.
Исто така, соговорник во активистичкиот дел од подкастот е Славчо Димитров од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинаризираните заедници“, која изминативе години разработува иновативни, афирмативни и симболични начини за пренесување пораки до публиката, притоа борејќи се за негување на различностите, правата на еднаквост и против дискриминаторски практики.
Целта на подкастот „Skills that pay the bills“ е да ангажира млади лидери преку граѓанското учество и претприемнички активности. Исто така, да го зголеми информираниот јавен дискурс за клучните демократски и економски прашања со кои се соочува македонската младинa.
Подкастот е реализиран во склоп на проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“. Спроведуван е од Младински образовен форум и Институтот за европска политика (ЕПИ), а е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).