Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Ако решиш да црташ, или да се бавиш со уметност како стрип, графити, илустрации, тогаш тоа прави го посветено, со сето срце и за свој кејф. Со оваа фраза ќе се согласат нашите соговорници во овој подкаст УРАЗАКУЛТУРА, со кои разговаравме за можностите, мотивите, понудениот просторот и слобода што ја имаат додека работат на своите дела.
Ако отидете на Фејсбук страницата „Сеир и ништо“ ќе прочитате дека се работи за серија илустрирани игри на зборови, нацртана од Брадестиот Џо, а напишана од Тања Аждаја.
Двајцата инженери пред една година се сретнале на социјалните мрежи. Тања живее во Словенија, Брадестиот Џо во Скопје. Тања го пишува текстот, а Џо црта. Нивните илустрации ги заскокоткаа луѓето на социјалните мрежи, па пред неколку месеци, освен на интернет, се најдоа и во печатено издание. Димитар Грчев, кој стои зад синононимот Брадестиот Џо, се навраќа на почетоците на „Сеир и ништо“.
„Се роди случајно на Фејсбук,јас веќе имав правено некои илустрации со игри на зборови, а преку некои заеднички пријатели се најдовме со Тања дека имаме слична смисла за хумор. И почнавме. Тања е многу брза на мисла и пишување, мене ми се погоди ептен, не морав многу да мислам, туку требаше само да ја нацртам илустрацијата. Многу спонтано се поклопивме со Тања, за ништо да не се расправаме, туку само да тераме“
Социјалните мрежи и општествениот контекст во земјава, според младиот илустратор нудат голем простор за работа на уметниците. Нивната идеја не е да провоцираат или да ги решаваат политичките проблеми, туку за свој ќеф да направат нешто забавно за сите.
„Уште го праиме за себе. реакции од јавносат, да, супер е кога на некој му се свиѓа, се смее. Кај овие игри на зборови и слично, е секогаш ризично, и обично се прават прво за авторот, тој да си се насмее, па после ќе видиме.“
Тања Аждаја и Брадестиот Џо имаат многу идеи, но и доста материјал во текст, кој чека да биде нацртан. Освен по социјалните мрежи, тие не ја отфрлаат можноста да издавање нова книга. На прашањето, дали може да се живее од ова, нашиот соговорник ќе рече:
„Доколку треба да се живее од уметност, веројатно треба многу поактивен и пообразован пристап на присутност на сите канали, на контакти со медиуми, баш на она- продажба, промоција, на оптимизирање на тоа што навистина успева кај луѓето..Моѓда и може, ама ние не сме пробале во секоја случај.“
Од својот дом во Штип, младиот Никола Панов полека го гради својот углед на македонската стрип сцена. Матурантот годинава ја доби годишната награда за стрип „Лифт“, зад која застанаа книгоиздателството „Темплум“ и ОХО, со цел да ги промовираат и афирмираат македонските стрип-автори и стрипот, воопшто. Неговиот стрип „Круг“ доби најдобри оцени. На неговата насловна страна е нацртан круг кој всушност потсетува на воденица-стапица во која е заробен глушец кој бесцелно и сизифовски го врти тркалото. Но, излез има! – сугерира последниот кадар на стрипот .
„Тоа што го гледам, го пишувам, тоа што сум го каѓал, дали преку збор, дали преку некоја нацртана сцена, дефинитивно е под влијание на социјалниот живот кај нас.“
Никола објавува под името Nikartic. По наградениот Круг, следеше нов стрип, криминалистичката приказна со наслов „Сенка“. И не планира за застане тука.
„Секоја работа си носи позитивни и негативни кометари, секоја реакција ми значи. Гледам да ги гледам работите реално, и сфатам, ако некаде грешам, сакам да се поправам, преку секоја линија што ја цртам, да станам подобар.“
Цртањето останува животна определба за младиот и самоук стрип уметник. Затоа планира образованието да го продолжи во Скопје, на ликовната академија. Во мегувреме се надева дека стрипот ќе се го најде заслуженото место на македонската сцена.
„ Јас сум 18 години и не познавам врсник кој се бави со стрип, и многу ми е криво за тоа. Има луѓе кои цртаат, ама не се бават со стрип. Тоа навистина го сметам за недостаток.“
Според Ѓорѓе Јовановиќ, уметник од Скопје кој има долг стаж во ангажиранита уметност, младите мора да добијат шанса и простор за слободно творење. Затоа тој застана зад Школата за ангажиран стрип, која за првпат како проект почна да се спроведува во Скопје. 10 млади луѓе, студенти од повеќе факултети, една година слушаат предавања, учат техники и начини на создавање стрип.
„Тоа што ме мотивира и ме прави среќан е дека постојат многу талентирани млади луѓе, но исто така ме загрижува тоа што недоволно се работи со нив.“
Ѓорѓе се потпиша зад графичката новела “Хашиш“објавена неодамна. Темите како социјалната нееднаквост или правата на маргинализирани групи за него се идеални за активистички стрип. За него, стрипот е идеален медиум за промовирање на ангажираната уметност.
„Размислувајќи за разните форми со кои полесно би искомуницирал со публиката кај нас, сметав дека стрипот би можел да искомуницира побрзо со публиката и со поголем број луѓе, да биде медиум преку кој може да се преговори за одредени теми и да проговори за одредени ставови.“
Школата за ангажиран стрип ќе трае до декември. Уметникот со долг стаж ги охрабрува младите артисти да истраат во својата работа и да се ангажираат за подобро општество.
„Ги охрабрувам студенти и младите автори, да бидат што е можно поактивни, да не губат надеж, иако тоа лесно може да се случи многу брзо живеејќи во вакви нестабилни општества, да размислуваат за светот и тоа што случува околу, да не ја губат вербата дека преку тоа практично се реализираат“.
Со слична порака и охрабрување кон младите, се јавува и Руки Чуки– една од ретките жени кои цртаа графити низ Скопје. Почнала да црта по зидовите во својата населба, во Капиштец, а нејзините графити никнуваат низ целиот град. Но последниве години ја снема од сцената. Каде е Руки, и што прави сега, објаснува по Вибер:
„Руки работи и живее во Лондон, е посветена мајка и сопруга, истражува еден нов град, пробува да се адаптира во еден поинаков систем, учи како да прави планови однапред, прави малку поголема пауза од цртање графити, бидејќи многу обврски се натрупаа во моментот…“
Во Лондон живее последните 2.5 години.И таму има нацртано неколку графити, но искрено одговара дека Скопје, и покрај сите премрежја низ кои минува, и останува во срцето.
„Па сакам да разубавувам јавни простори, да преуредувам, ми се свиѓа кога може да му се одвлече внимавие на некој на улица, ми се свиѓа кога кога може да интервенираш и да направиш мино галерија и да влијаеш во денот на некого. Дефинитивно сметам дека е разубавување, без разлика каков тип графити.“
Она што и пречи кај уметниците е преголемото его. Затоа советува дека умот треба да остане отворен за нови идеи, но и да се побара помош ако е тоа потребно. Графитите за неа нудат големи можности за ангажираност и креативност, а за младите кои допорва почнуваат да цртаат има само една порака:
„Една од поважните работи исто што и на моето детето ги кажувам е да не се заборави да се фантазира, бидејки нема нешто што е недостижно, туку се е лесно и достижно ако вистински го сакаш.“
Јасмина Јакимова
-
(Audio) UraPërKulturë: Strip, grafitë, ilustrime dhe liri
Nëse vendos të pikturosh ose të merret me art si strip, grafitë, ilustrime, atëherë këtë bëje me përkushtim, me gjithë zemër dhe për qejfin tënd. Me këtë frazë do të pajtohen bashkëfolësit tanë në këtë nënkast të URAPËRKULTURË, me të cilët biseduam rreth mundësive, motiveve, hapësirës së ofruar dhe lirisë që e kanë përderisa punojnë në veprat e tyre.
Nëse shkoni në Fejsbuk faqen e “Seir i nishto” do të lexoni se bëhet fjalë për serial të lojërave me fjalë të ilustruara, të vizatuara nga Xho Mjekëroshi (Bradestiot) ndërsa janë shkruar nga Tanja Azhdaja.
Dy inxhinierë para një viti janë takuar në rrjetet sociale. Tanja jeton në Slloveni, Mjekroshi (Bradestiot) Xho jeton në Shkup. Tanja e shkruan tekstin, ndërsa Xho vizaton. Ilustrimet e tyre i gudulisën njerëzit në rrjetet sociale, kështu që para disa muaj, përpos në internet, u gjetën edhe në edicion të shtypur. Dimitar Grçev, i cili qëndron pas sinonimit Bradestiot (Mjekëroshi) Xho, kthehet në fillimet e “Seir i nishto”.
“Lindi rastësisht në Fejsbuk, unë tani më kisha bërë disa ilustrime më lojëra me fjalë, ndërsa nëpërmjet dsa miqve të përbashkët u takuam me Tanjën se kemi sensin e njëjtë të humorit. Dhe filluam. Tanja është shumë e shpejtë në mendime dhe në shkrim, mua mu qëllua shumë, nuk duhej të mendja shumë, por duhej vetëm të vizatoja ilustrime. Në mënyrë shumë spontane u përputhëm me Tanjën, për asnjë nuk grindemi, por vetëm ecim përpara”
Rrjetet sociale dhe konteksti shoqëror në vendin tonë, sipas ilustruesit të ri ofrojnë hapësirë të madhe për punën e artistëve. Ideja e tyre nuk është të promovojnë ose të zgjidhin problemet politike, por për qefin e tyre të bëjnë diçka argëtuese për të gjithë.
“Ende e bëjmë për vete, reagime nga publiku, po, super është kur dikujt i pëlqen, qesh. Te këto lojërat e fjalëve dhe ngjashëm, çdo herë është ndryshe, dhe zakonisht fillimisht bëhen për autorin, ai vetë të qeshë dhe më pas do të shohim.“
Tanja Azhdaja dhe Xho Bradestiot (Mjekëroshi) kanë shumë ide, por edhe shumë material për tekst, i cili pret të vizatohet. Përpos në rrjetet sociale, ata nuk e hedhin poshtë mundësinë të botojnë libër të ri. Në pyetjen, nëse mund të jetohet nga kjo, bashkëbiseduesi jonë do të thotë:
“Nëse duhet të jetohet nga arti, me siguri duhet qasje shumë më aktive dhe më e arsimuar e prezencës në të gjitha kanalet, kontakte me mediat, pikërisht ajo – shitje, promovim, optimizim i asaj që vërtet ka sukses tek njerëzit. Ndoshta edhe mundet, por ne nuk kemi provuar sido qoftë. “
Nga shtëpia e tij në Shtip, i riu Nikolla Panov ngadalë po e ndërton reputacionin e strip skenës maqedonase. Maturanti këtë vit e ftoi shpërblimin shtetëror për strip “Lift”, mbrapa së cilës qëndruan botuesi i librave “Templum” dhe OHO, me qëllim të promovojë dhe afirmojnë strip autorët maqedonas dhe stripat në përgjithësi. Stripi i ri “Krug” fitoi notat më të mira. Në faqet e tij kryesore është vizatuar rreth i cili në fakt përkujton në ujëvarë – kurth në të cilën është zënë në kurth miu i cili pa shpresë dhe në mënyrë sizife rrotullohet në rrotë. Por, rrugëdalje ka! – sugjeron kuadri i fundit i stripit.
“Atë që e shoh, e shkruaj, atë që e kam thënë, qoftë nëpërmjet fjalës, qoftë nëpërmjet ndonjë skene të vizatuar, përfundimisht është nën ndikimin e jetës sociale tek ne. “
Nikolla publikon nën emrin Nikartic. Pas Krug-ut të shpërblyer, vijoi strip i ri, tregim kriminalistik me titull “Senka”. Dhe nuk planifikon të qëndrojë këtu.
“Çdo punë rezulton me komente pozitive dhe negative, çdo reagim është i rëndësishëm për mua. Shoh punët t’i shoh në mënyrë reale, dhe kuptoj, nëse gaboj diku, dua të korrigjohem, nëpërmjet çdo linje që e vizatoj, të bëhem më i mirë. “
Vizatimi ngel përcaktim jetësor për të riun dhe strip artist të vetë mësuar. Prandaj planifikon arsimin ta vazhdojë në Shkup, në akademinë e arteve. Në ndërkohë shpreson se stripi do të gjejë vendin e mëritura në skenën maqedonase.
“Unë jam 18 vjeç dhe nuk njoh moshatar i cili merret me stripe dhe më vjen shumë keq për këtë. Ka shumë njerëz që vizatojnë, por nuk merren me stripe. Këtë vërtet e konsideroj si mungesë. “
Sipas Gjorgje Jovanoviq, artist nga Shkupi i cili ka stazh të gjatë në artin e angazhuar, të rinjtë duhet të fitojnë mundësi dhe hapësirë për krijimtari të lirë. Prandaj ai qëndroi mbrapa Shkollës për strip të angazhuar, e cila për herë të parë si projekt filloi të realizohet në Shkup. 10 të rinj, studentë nga më shumë fakultete, një vit dëgjojnë ligjërata, mësojnë teknika dhe mënyra të krijimit të stripave.
“Ajo që më motivon dhe më bën të gëzuar është se ekzistojnë të rinj të talentuar, por gjithashtu më shqetëson ajo që nuk punohet mjaftueshëm më ata. “
Gjorgje u nënshkrua mbrapa novelës grafike “Hashish” të publikuar kohë më parë. Temat si pa barazia sociale ose të drejtat e grupeve të margjinalizuara, për të janë ideale për strip aktivizëm. Për të, stripi është media ideale për promovimin e artit të angazhuar.
“Duke menduar për format e ndryshme me të cilat më lehtë do të kishte komunikuar me publikun tek ne, konsiderova se stripi do të mund të komunikojë më shpejt me publikun dhe me numër më të madh të njerëzve, të jetë media nëpërmjet të cilit do të mund të bëhet negociata për tema të caktuara dhe të negociojë për qëndrime të caktuara. “
Shkolla për strip të angazhuar do të zgjasë deri në dhjetor. Artisti me stazh të gjatë i inkurajon artistët e rinj të durojnë në punën e tyre dhe të angazhohen për shoqëri më të mirë.
“ I inkurajon studentët dhe autorët e rinj, të jenë sa është e mundur më aktiv, të mos humbin shpresa, edhe pse kjo shumë lehtë mund të ndodhë, duke jetuar në shoqëri të këtilla të pa qëndrueshme, të mendojnë për botën dhe për atë çfarë ndodh përreth, për të mos humbur besimin se nëpërmjet kësaj praktikisht realizohen”.
Me mesazh të ngjashëm dhe inkurajim për të rinjtë, paraqitet edhe Ruki Çuki – një nga fermat e rralla që vizatojnë grafitë në Shkup. Ka filluar të vizatojë nëpër muret e lagjes së saj, në Kapishtec, ndërsa grafitet e saj paraqiten në gjithë qytetin. Por vitet e fundit është zhdukur nga skena. Ku është Ruki, dhe çfarë bën tani, sqaron nëpërmjet Viber:
“Ruki punon dhe jeton në Londër, është nënë dhe bashkëshorte e përkushtuar, hulumton një qytet të ri, përpiqet të përshtatet në një sistem më ndryshe, mëson si të bëjë plane para kohe, bën pauzë pak më të madhe nga vizatimi i grafiteve, sepse shumë obligime i janë grumbulluar për momentin…”
Në Londër jeton gjatë 2,5 viteve të fundit. Edhe atje ka vizatuar disa grafitë, por sinqerisht përgjigjet se Shkupi edhe përskaj të gjitha peripecive nëpër të cilat kalon, i ngel në zemër.
“Dëshiroj të zbukuroj hapësira publike, të ri zbukuroj, më pëlqen kur mund t’i tërhiqet vëmendja dikujt në rrugë, më pëlqen kur mund të intervenosh dhe të bësh mini galeri dhe të ndikosh në ditën e dikujt. Përfundimisht mendoj se është zbukurim, pa dallim të llojit të grafitit. “
Ajo që i pengon te artistët është egoja tepër e madhe. Prandaj këshillon se mendja duhet të ngelë e hapur për ide të reja, por edhe të kërkojë ndihmë nëse kjo është e nevojshme. Grafitet për të ofrojnë mundësi të madhe për angazhim dhe kreativitet ndërsa për të rinjtë të cilët tani e tutje do të fillojnë të vizatojnë ka vetëm një mesazh:
“Një nga gjërat më të rëndësishme të cilat ja them edhe fëmijës tim, është të mos harrojnë të fantazojnë, sepse nuk ka diçka që është e pa arritshme, por se gjithçka është e arritshme nëse vërtet e dëshiron.“
Jasmina Jakimova
*Kjo përmbajtje është punuar me ndihmën e Bashkimit Evropian, në kuadër të Projektit për shprehje rinore. Për përmbajtjet e publikuara është përgjegjës Forumi Rinor Arsimor dhe të njëjtat domosdoshmërish nuk i reflektojnë qëndrimet e Bashkimit Evropian.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.