[Аудио] Втората епизода на емисијата „Приказните на бегалците“

Во втората епизода од емисијата „Приказните на бегалците“ нашите водители Нина и Мвр разговараа со Мирјана Мирчевска – професорка на Институтот за етнологија и атропологија на Универзитетот Кирил и Методиј, и Димитар Ванчов– магистер по правни науки и предавач на програмата „Учиме право“ на Младинскиот образовен форум.

Мирчевска зборуваше за антропологијата на миграциите и културолошкиот аспект на миграциите, додека Ванчов се осврна на правниот аспект на миграцијата. 

Во рубриката „Читачка проба“, пак, може да ја слушнете поемата „Што бев“, напишана од сириска бегалка.

На секои две недели, во емисијата ќе зборуваме за теми како човекови права, антидискриминација, антиксенофобија, миграција, интернационална заштита и предизвиците со кои се соочуваат бегалците. На следниот линк може да ја слушнете првата епизода.

Проектот „Приказните на бегалците“, во чии рамки е и оваа емисија, поврзува два различни пристапи за создавање на разбирање меѓу младите во земјата за незавидната ситуација на бегалците. Еден пристап е оној на градење на знаења и информации, разбирање на правната рамка и правата. Другиот е создавање на врски и градење емпатијата. Овие пристапи ќе се практикуваат преку директно работење со млади луѓе и јавен настан во кој ќе учествуваат, како и преку поголем опсег на информирање преку медиумски содржини.

Овој проект е имплементиран од Младински образовен форум со поддршка од проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“. Проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“ е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а управуван од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.