Повеќе од 30 случаи на насилство и закани за насилство врз авганистански новинари се пријавени во изминатите два месеци, а во речиси 90 отсто од случаите, сторители се новите владетели на Авганистан, талибанците, пренесува „Н1“.
Од случаите на насилство пријавени од Авганистанското здружение на новинари, повеќе од 40 отсто биле претепување, а останатите 40 отсто се закани за насилство. Останатите случаи се однесуваат на еднодневни апсења на новинари. Еден новинар е убиен.
Повеќето акти на насилство им се припишуваат на талибанците, кои насилно ја презедоа власта во Авганистан во средината на август.
Извештајот доаѓа во време кога талибанците се обидуваат да воспостават дипломатски канал со меѓународната заедница, од кои повеќето не сакаат да го признаат нивното владеење.
Талибанците се обидуваат да се позиционираат како одговорни владетели и ветуваат безбедност за сите.
Авганистан долго време е опасно место за новинарите. Според податоците од почетокот на септември, од 2001 година во земјата се убиени 53 новинари, од кои 33 од 2018 година.