Августовска домашна турнеја на групата „Фолтин“

Месецов македонскиот бенд „Фолтин“ ќе одржи три самостојни концерти во Струга, Битола и Кавадарци.

Најпрво членовите на бендот ќе настапат во склоп на осмото издание на фестивалот за краток филм „Дрим Шорт“ кое ќе се одржи на 8 август во Домот на културата, на летната сцена во Струга. Влезниците за овој концерт можат да се купат во „Kingston bar“.

Додека пак, концертот на битолскиот бенд „Фолтин“ во Битола ќе го отворат младите битолски бендови “Tzar von time”, “Siotto jazz” и “Corrosion”, а специјални гости ќе бидат „Суперхикс“. Настанот ќе се одржи на 16 август на ракометното игралиште, додека пак картите можат да се набават во „Aries Travel“ и „Tobacco Brothers“.

Последниот концерт од домашната турнеја на бендот ќе се случи на 25 август во Винскиот музеј „Тиквеш“ во Кавадарци, во соработка со Домот на културата „Иван Мазов – Климе“.

Македонски бенд „Фолтин“