Авировиќ: Пироманите не’ изненадија, утрово имаше уште еден пожар кај Чифлик

Директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ потврдува дека пожарот кај Матка се случил од спротивната страна на ресторанот „Мечкина дупка“, горе на сртот кај карпите. Горело на 5 локации, се до браната. Поголемиот дел од пожарот не можел да се види од страната на кањонот, туку се префрлил на другата страна и тргнал кон манастирот „Св. Никола Шишевски“. Горело утрово и кај селото Чифлик. Иако не е официјално потврдено, Авировиќ вели дека „пожарите се 100 посто подметнати“.

„Да беше теренот попристапен теренот и аголот, ќе беше веднаш локализиран. Меѓутоа тоа беше страшно… Да ви кажам искрено, сметам дека пожарите се 100 посто подметнувани. Секој пожар околу Скопје е човечки фактор. Не постои друго објаснување, не постои можност да се самозапали. Не ‘држат’ аргументите за самозапаливост. Едноставно, се работи за несовесност, некултура на граѓаните, би рекол и за болест на одредени лица“.

„Крајната цел не можеме да ја утврдиме, но со гаранција ви велам дека шумата не е возможно самата од себе да се запали, особено оваа во кањонот Матка, која поради конфигурацијата на теренот и сонцето тој дел не го грее“, вели Авировиќ за Радио МОФ, напоменувајќи дека ваквото размилување е од „искуство кое јавното претпријатие го има со децинии“.

За пожарот кај Матка, раскажува тој, вчера веднаш се пуштиле по дојавата. Тоа било некаде околу 14:45 часот. Нивните екипи останале таму потпомогнати од пожарникарска екипа. Пожарникарите останале докај 19:15, додека претпријатието до 20:30 часот поради спечифичноста на теренот.

„Пожарот зафати места и под 75 степени каде човек не може нормално да се движи, а не пак да гаси. Во вакви ситуациии гасиме со направи кои се ставаат на грбот на нашите шумари, со тежина од 25 литри вода. Се повлековме во 20:30 часот со цел да го сочуваме животите на нашите екопи, кои по редовното работно време гасеа во ужасни услови. Освен топло, луѓето не беа ниту јадени, па ни колабираа двајца работници. Успеавме да ги реанимираме. И покрај чистиот воздух кај Матка, вдишувааа јаглерод моноксид, беше многу напорно.. Активирани беа вкупно 35 луѓе од ‘Паркови’“, раскажува Авировиќ

Гаселе, па по прекин од 2 до 4 ноќеска, истата екипа повторно излегла на терен. До 9:30 часот утрово, 90% од огненените јазици биле изгаснати.

„Во меѓувреме имавме и друг подметнат пожар, од другата страна кај селото Чифлик. Тоа било утрото во 7:30 часот, меѓутоа со брза интервенција успеавме веднаш да го ставиме под контрола. Се работеше за попристапно место и моите вработени реагираа веднаш, а потоа повторно се вратија на Матка. Да оддадам признание и на Дирекција за заштита и спасување, тие пуштија хелокоптер. Но, поради тесниот приод кај кањонот и откако падна мракот, престанаа и тие да делуваат за да не се случи нешто несакано“, потенцира Авировиќ.

Според Авировиќ, ова е осми пожар годинава во Парк-шумата Водно и „поминуваат релативно добро“. Понекогаш се случувале години со по 30-40 пожари, дел на Водно, дел на други локации под нивна надлежнот. Гаселе годинава и 3-4 пожари во паркот на природата „Гази Баба“ .

„Меѓутоа, таму природата на теренот е подруга, поблага, брзо се става под контрола. Овој пат пироманите навистина не’ изненадија“, забележува директорот на „Паркови“.

Ја потврдува синоќешната вест за туристот што го сликал пироманот кај Матка, но засега таа информација се’ уште се води како неофицијална. Се појавиле шпекулации дека пироманот е во полициска станица и слично, меѓутоа, вели тој, нивните екипи се сконцентрирале на една цел – гаснењето на пожарот.

Околу забраните за движење низ шуми, објаснува дека Парк-шумата „Водно“ има посебна законска регулатива за одржување и третман.

„Ние веќе апелиравме и повторно апелираме граѓаните да не се движат низ Водно, особено ноќно време. Да се воздржуваат од фрлање отпушоци и палење скара на отворено. Меѓутоа, забраната е исклучиво во надлежност на Владата на РМ, конкрентно Министерството за земјоделство, шумарство и водостапанство. Во забраната треба да се потенцира и Парк-шумата ‘Водно’, бидејќи таа е посебно издвоена од сите шуми во државата“, потенцира Авировиќ.

Инаку, во земјава не престануваат да горат пожари на голем број локации. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека оној пожар во селото Требовље кај Македонски Брод што е активен десетина дена, се проширил кон општините Брвеница и Гостивар, во делот на селото Корита. Од завчера вечер се интервенира на запалена мешана шума во атарот на Студеничани. Екипи на „Караџица“ утрово се ангажирани и во гаснењето на планината Жеден, во село Бојане. Покажоте пријавен синоќа околу 20 часот.

Во Југозападниот плански регион се уште е активен пожарот кај Лутоец, во местото Змијарник. Достигнат е до местото Јасиковец и кон местото Заград. Eкипа од Подружницата на „Македонски Шуми“ во Македонски Брод е ангажирана за дејствување во селото Девич, каде пожарот е активен од вчера попладне.

Пожари се регистрирани и во општина Крушево во атарот на Подвис кон село Локвени. Гори нискостеблеста деградирана дабова шума. По 21 часот синоќа, пожарот бил префрлен кон Алданци и Норово.  Исто така, активни гори и во селото Железна река, над село Копанце во јегуновце, на падините на Горна Јакупица, во близина на селото Богомила, шумски пожар од синоќа има и во атарот на село Дреново…

 

Бојан Шашевски