Австралија од јануари следната година ќе го забрани увозот на вејпови за еднократна употреба во обид да ја спречи зависноста од никотин кај децата.
Покрај тоа ќе се воведат нови закони со кои ќе се спречи производство, рекламирање и испорака на вејповите за еднократна употреба. Ова доаѓа во услови на зголемениот притисок за целосно укинување на вејповите.
Користењето вејп е обележано како начин за полесно откажување од цигари, но министерот за здравство на Австралија вели дека наместо тоа, се создаде „нова генерација на зависници од никотин“.
Вејповите или електронските цигари се уреди кои се напојуваат со литиумски батерии кои имаат патрони со течност што може да содржи никотин, вештачки ароми или низа други хемикалии.
Австралија во 2021 година забрани купување или увезување на вејпови и електорнски цигари без рецепт од лекар, но и покрај тоа постојано растат стапките на зависност.
Студија од Универзитетот во Сиднеј претходно годинава покажа дека речиси четвртина од тинејџерите на возраст од 14 до 17 години користеле вејп. Паралелно, истражување на добротворната организација од Советот за рак во Австралија откри дека девет од десет тинејџери на оваа возраст лесно може да дојдат до никотински вејп.
Министерот за здравство изјави дека забраната за увоз на вејповите за еднократна употреба ќе започне од 1 јануари, а до март ќе се забрани и увозот на нетерапевтските вејпови за повеќе употреби.
Вејповите за еднократна употреба сѐ подостапни, но тешко се рециклираат