Австралијците со закон ќе можат да ги игнорираат повиците од шефовите по работното време

Австралија ќе воведе закони со кои работниците ќе имаат право да ги игнорираат неразумните повици и пораки од нивните шефови надвор од работното време без казна за нив, односно со потенцијални казни за работодавците кои го прекршуваат правилото, јавува Ројтерс.

„Правото на исклучување“ е дел од низата измени на законите за индустриски односи предложени од федералната влада според парламентарниот нацрт-закон, во кој се наведува дека ќе ги заштити правата на работниците и ќе помогне да се врати рамнотежата помеѓу работата и животот.

Слични закони веќе се во сила во Франција, Шпанија и други земји во Европската Унија.

Мнозинството сенатори сега изразија поддршка за законот, рече министерот за вработување Тони Бурк.

Одредбата ги спречува вработените да работат неплатено прекувремено преку правото да се „исклучат“ од неразумен контакт надвор од работното време, рече Бурк.

Предлог-законот се очекува да биде претставен во парламентот во текот на неделава.