Австралиската компанија за лекови од канабис „MMJ PhytoTech Limited“ почна со продажба на своите први капсули со марихуана. Како што јавува Businessinsider, капсулите се продаваат само во Европа и едно пакетче чини 89 евра.
Тие се регистрирани како “додаток во исханата“ во Германија. Нивната активна состојка, канабидиол (CBD), е направена од специјален медицински канабис и не содржат тетрахидроканабинол (THC), состојката која предизвикува психолошки ефект при пушење на марихуаната.
Истражувањата покажале дека CBD може да помогне на пациенти кои страдаат од рак, анксиозност и епилепсија, велат од компанијата што го произведува лекот.Оттаму додаваат и дека капсулите не содржат хербициди и пестициди.
Иако медицинската марихуана останува забранета во Австралија, на австралискиот производител на канабис „AusCann“ му беше дадена лиценца претходно оваа година, за да одгледува медицински канабис на островот Norfolk Island, како и да го извезува во Канада.