Секторот за внатрешни работи во Австралија создал лажен хороскоп за да ги обесхрабри Шриланчани да бараат азил во Австралија, објави Гардијан.
Материјалот во кампањата измислувал негативни предвидувања за секој хороскопски знак, доколку луѓето „нелегално“ патуваат со чамец до Австралија.
Материјалот во кампањата, напишан на англиски јазик, замислува разни негативни предвидувања за секој знак во хороскопот, доколку „нелегално“ патуваат со брод во Австралија, вклучувајќи и дека ќе имаат проблеми со семејството, ќе се срамат и ќе бидат „засекогаш должни“.
Постерот беше набавен од „Buzzfeed“ и тоа според законите за слобода за пристап до информации, а е создаден некаде во последните две или три години. Според медиумите, се чини дека површиниот јазик на рекламата се обидува да го прифати широкиот ентузијазам за астрологијата во Шри Ланка.
„Поминаа скоро четири години откако секое лице од Шри Ланка стигна до Австралија нелегално патувајќи со брод“, пишува на астролошкиот постер.
„Во овој период, австралиските власти застанаа и вратија повеќе од 160 Шриланчани, кои се обидоа да одат нелегално во Австралија со брод“, пишува по постерите.
Секторот за внатрешни работи различно пресретнувал чамци пред поаѓање и за време на патувањето, меѓу мај и август оваа година, кои потекнувале од Шри Ланка. Ниту еден од нив не успеал да пристигне во Австралија, иако други имаат успеано.
Во април, Шри Ланка беше потресена поради терористичките бомбашки напади во кои загинаа повеќе од 250 луѓе.
Австралиската влада водеше меѓународни рекламни кампањи во повеќе земји, кои обично се наменети за луѓето што бараат азил. Билборди, постери, реклами преку интернет и графички романи, се меѓу материјалите создадени за да им кажат на луѓето да не безбедно да се оди до Австралија со брод.
Хороскопот ги предупреди родените во знакот Овен дека доколку побараат азил со брод може да бидат искористени од луѓе шверцери.
„Овие криминалци ќе ви одземат парите и ќе ве вратат во Шри Ланка без ништо“, пишувало во хороскопот.
Луѓето родени во знакот Стрелец беа предупредувани дека ќе бидат вратени во Шри Ланка од австралиските власти и ќе бидат „должни засекогаш“.
„Сè што ризикувавте за да отидете таму, ќе биде залудно и ќе му бидете должни на сите!“, предвидувал хороскопот.
А на родените во знакот на Јарец им било речено: „Одлуката да го ризикувате вашиот живот на опасно море и непредвидливо време ќе биде залудна“.
„Ако нелегално патувате во Австралија, ќе бидете вратени во Шри Ланка и ќе наидете на лоша среќа“, предупредувал хороскопот.
Реакции имаше и од Претседателот на САД, Доналд Трамп. Според него, овие флаери ја отсликуваат политиката на Австралија за илегалната имиграција, и од нив може многу да се научи.
These flyers depict Australia’s policy on Illegal Immigration. Much can be learned! pic.twitter.com/QgGU0gyjRS
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 27, 2019