Автономните беспилотни автобуси ќе се појават на улиците во Швајцарија во пролет идната година. Проектот е дел од првото тестирање за беспилотни автобуси на јавни патишта во светот.
Два од беспилотните автобуси, создадени од стартап компанијата BestMile, а лансирани заедно со швајцарската автобуска компанија PostBus, ќе возат патници во градот Сион, во кантонот Вале, каде францускиот е службен јазик.
Двегодишниот пробен период е значаен чекор за технологијата на автономни возила, но услугата ќе биде ограничена. Двата автобуси, способни за превезување на девет патници истовремено, ќе ги покриваат само туристичките рути во Стариот град на Сион.
Пробното користење на овие автобуси е прв комерцијален договор на BestMile, компанија која постои од јануари минатата година.
Нејзини основачи се двајца дипломци од Швајцарскиот федерален институт за технологија (EPFL) во Лозана, Anne Koymans и Raphael Gindrat.
Двајцата, со помош на други експерти од нивната научна област, работеле неуморно со цел да развијат алгоритми кои ќе им овозможат на автобусите правилна навигација на патиштата, и идентификација на пречки на патот без човечка интервенција.
Единствен удел на луѓето во работата на автобусите ќе биде контролата. Автобусите ќе се контролираат на ист начин на кој авионите се контролирани од контролните кули на аеродромите.
Извор: Independent