Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје соопшти дека по повод државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, за време на трите дена од продолжениот викенд (од денеска до недела – 11-13 октомври) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Денеска и во недела, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација, кои ќе работат од 8 до 14 часот, на транспортниот центар, во Ѓорче Петров и на Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 – 18 часот, при што од 17 – 17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.