Од денеска, па до 20 април јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18.30 часот, информираат од ЈСП – Скопје.
Новиот режим е прилагоден по последната одлука на Влада за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, почнувајќи од денеска.
Во прилог се последните термини на поаѓање до 20 часот:
ГРАДСКИ ЛИНИИ – ПОСЛЕДНИ ТЕРМИНИ ПРЕД 20 ЧАСОТ
ПРИГРАДСКИ ЛИНИИ – ПОСЛЕДНИ ТЕРМИРНИ ПРЕД 20 ЧАСОТ
Останатиот распоред, до последниот посочен термин, е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје, во делот на преглед на возен ред.
Од претпријатието потсетуваат дека и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту Жичарницата.