Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) информира дека утре, среда (23 октомври), поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација (кои ќе работат од 8 до 14 часот)
на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.