По две години најавување, ќе профункционира автокиното во Скопје во организација на кино „Милениум“ и Младинскиот културен центар (МКЦ).
Автокиното ќе се одржи вечерва и утре, како и следниот петок и сабота (15 и 16 ноевмри) на паркингот во стариот дел од Градскиот парк, а како најава за почеток на фестивалот на европскиот филм „Синедејс“ од 14 до 23 ноември во Скопје, соопштуваат од МКЦ.
Според програмата, вечерва (8 ноември) ќе биде прикажан филмот „Смрт на човек од Балканот“, во режија на Мирослав Момчиловиќ.