Фотографот од САД Freddy Fabris решил да им оддаде почит на ренесансните сликарски мајстори на хумористичен начин.
Заедно со вработените во автомеханичарска работилница, создале брилијантен и смешен серијал на портрети со алати, коj e всушност е пародија на познатите уметнички слики од периодот на ренесансата.
„Преточувањето на слики во фотографии беше предизвик на кој се радував“, напишал Fabris на Huffpost. „Сакав да го почитувам изгледот и емоцијата на оригиналите, но требаше да смислам концептуален пресврт кој ќе додаде нов слој на оригиналот“.
Извор: Bored Panda