Од 30 август до 1 септември во Крагуевац, Србија ќе се одржи третата меѓународна стрип-конференција „Крагуевац година трета“, на која специјални гости ќе бидат италијанскиот стрип-цртач Паоло Бизи и Алесандро Бињамини, автори на легендарните стрип-серијали „Загор“, „Дилан Дог“ и „Мистер Но“.
На стрип-конференцијата ќе учествуваат повеќе од 20 издавачки куќи, стрип-продавници и редакции за стрип-магазини. Во текот на конференцијата ќе биде организирана и бесплатна стрип-работилница за сите возрасти, која ќе ја води Влада Весовиќ.
Организатори на настанот се невладината организација „Милениум“ од Србија и Здружението на љубители на деветтата уметност „Светот на стрипот“, кои најавуваат и осум интересни изложби.
На конференцијата ќе бидат доделени и награди за најдобри кратки стрипови.
Извор: Телеграф.мк/B92