Со почеток во 18 часот, денеска (8 октомври) во Парк на Франкофонијата ќе се одржи авторскиот концерт „Амбиенти“. Музиката се дела на композиторката Ана Пандевска, додека изведбата ќе биде на пијанистката Дуња Иванова.
Во најавата се посочува дека на програмата ќе се изведат електроакустичните композиции за пијано „Пејзажни атмосфери“, „Квази бурлеска“ и „Свита за Скопје“.
Музиката е пишувана во периодот од 2015 – 2019 година, а проектот се реализира со поддршка на Општина Центар.