Новиот скопски рокенрол бенд „Boris and The W“ ја издаде својата прва песна насловена „Баба Мразица“. Бендот кој досега свиреше по скопските клубови, почнува да креира сопствена музика.
Песната е снимена во студиото Кактус во Скопје, по музика на Виктор Захариев.
Текстот на „Баба Мразица“ е напишан од фронтменот на бендот, Борис Цветановски, а зад аранжманотот, миксот и продукцијата стои потписот на Горан Милошевски.
Од бендот порачуваат дека со оваа песна сакаат да излезат од „новогодишните музички клишеа“.