Пред очите на целиот свет вперени во нив, двете руски атлетичарки си разменија бакнежи на подиумот по освојувањето на златниот медал на Светското атлетско првенство.
Овој гест на Kseniya Ryzhova и Tatyana Firova беше знак на протест поради анти-геј пропагандата која сериозно се распламтува во Русија поттикната од тамошните власти.
Руските атлетичарки во тешка и возбудлива трка на 4х400 метри успеаја да ги победат останатите и да го освојат златото. Нивниот бакнеж доаѓа и како знак на револт откако руската олимпијка Yelena Isinbayeva застана во одбрана на анти-геј пропагандните закони во нејзината земја по примањето на нејзиниот златен медал.
„Ако ние дозволиме да се промовираат и да се прават сите тие работи на улица, ние многу се плашиме за нашата нација, бидејќи ние се сметаме себеси како нормален, стандарден народ”, изјави Исинбаева на прес-конференција пред неколку дена.