„БалКАМ – Музеите во мрежа“ е насловена изложбата на дела од фотографските и видео селекциите на уметниците од целиот свет кои соработуваат со италијанскиот Музеј на современи уметности „Кам Касориа“. Куратор на постановката е Антонио Манфреди, а македонската ликовна публика ќе има можност од 4 февруари да ја проследи изложбата во Галеријата на Културниот центар во Гостивар, како и два дена подоцна во Културно информативниот центар во Скопје.
Оксана Шаталова од Казахстан, Артур Холинг од Германија, Хелга Гасер од Австрија, Хуанг Јан од Кина, Филипос Цицопулос од Грција, Силвија Њенга од Кенија, Џесика Фенлон од САД, Тамахон Фернандо Гарсија од Шпанија, Вубе Езра од Етиопија, Џузепе дел Марко од Италија, Јуничиро Иши и Акуцу Чикиро од Јапонија и нашите Алма Идризи и Бурхан Ахмети се само некои од долгата листа на уметници од светот чии фотографски и видео дела ќе се најдат на изложбата.
Основан во 2005 година со цел да стане културен центар и експериментална лабораторија, Музејот за целото ова време тежнее пред сè да биде референтна точка за универзална современа уметност со отворен контекст. Од таму, како што ќе забележат неговите потписници, КАМ Касориа музејот за современа уметност не е основан како некаква културна изложбена машина, дури не и како музеј кој содржи слики, но тоа е блиску до тоа како тие би сакале еден музеј да функционира денес: место каде што се произведува култура и истражување, каде што се врши дидактика, стимулирање на херменевтички искуства на современата, каде креативноста се визуелизира, каде што комплексноста на тековната естетика се практикува.
Целиот текст прочитајте го на веб-страницата на Радио Слободна Европа.