Во петок, 31 јануари, со почеток во 20 часот, во Центарот за култура “Григор Прличев” во Охрид, повторно ќе се изведе претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева.
„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие; „Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење; „Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење“, стои во описот на претставата.
Билетите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, а можат да се резервираат и на телефонските броеви 046/261-063, 075/283-066