Фестивалот EXIT го објави имињата на изведувачите кои оваа година ќе настапат на главната сцена во рамките на новата фестивалска програма насловена „ X-Bass Takeover“. Најактуелните имиња на драменбејс и дабстеп жанрот Broke’n’£Nglish, Camo & Krooked (DJ Set) & Dynamite MC, Chase & Status and Rage, Diplo, Dismantle & LX One, Feed Me (DJ Set), Redlight, Rudimental live, SBTRKT (DJ Set), Wilkinson & VisionObi ќе се придружат на веќе потврдените настапи на DJ Fresh LIVE, SkiSM, Dub Phizix и MC Strategy, The Prototypes, Brookes Brothers, Inspector Dubplate, како и Friction и MC Linguistics.
Заедно, тие од овогодинешната X-Bass Takeover програма ќе направат еден од најголемите светски настани посветени на овие енергични музички правци. Програмата се реализира во соработка со UKF Music, најголемата и најзначајна светска музичка платформа посветена на бејс музиката.
“Со повеќе од 3 милиони следбеници и повеќе од една милијарда прегледувања на своите јутјуб канали, промовирајќи ги најдобрите и најактуелните музички достигнувања кои се заштитен знак на овој енергичен музички правец, UKF Music претставува идеален избор на партнер кој популарната “After 2“ програма на Егзит фестивалот, сега насловена X-bass Takeover, ќе ја подигне на многу повисоко ниво.“ – истакна Драган Амброзиќ, програмскиот селектор на главната фестивалска бина.
Оваа година се одбележува десетгодишнината на спектакуларната драменбејс програма која стана еден од заштитните знаци на ЕГЗИТ. Соработката на фестивалот со UKF Music ќе ги одбележи и наредните години, а настапите на најпопуларните диџеи и продуценти ќе ја позиционираат X-Bass Takeover програмата меѓу петте најдобри драменбејс случувања на планетава.
Aктуелната цена со 50% попуст за петдневните влезници за претстојниот EXIT фестивал изнесува 3580 денари, а истите можат да се купат во продажната мрежа на МКтикетс (Југотон – ТГЦ, прв кат).
Додека трае одбројувањето за годинашниот EXIT, погледнете го ова видео од минатогодишното издание на фестивалот, кое најдобро ја покажува атмосферата на EXIT: