Новиот клуб Перон 8 лоциран на железничката станица во Скопје ќе биде домаќин на серијата забави наречени Bass Friday @Peron 8. На овие бас-забави ќе се презентира најдоброто од drum’n’bass, dubstep и trap музиката.
Првата од серијата забави ќе започне со настапите на едни од најактивните домашни електронските артисти Anomalia Nativa и Kesko. Журката е закажана во петок (18 април) со почеток на полноќ.
За доброто расположение и атмосфера ќе допринесе и шоуто на визуелните артисти Lazy Kidz Visualz.
Bass Friday забавите ќе се одржуваат секој петок во клубот Перон 8 и на нив според најавите на организаторорите, ќе настапуваат најистакнатите домашни имиња во електронската музичка сцена како и гости од соседството и пошироко.