Баварската државна библиотека соопшти дека картата на светот што ја купила во 1990 година за тогаш астрономски два милиони германски марки мислејќи дека е изработена во 16-от век, е фалсификат.
Библиотеката ја купила картата мислејќи дека таа е дело на германскиот картограф Мартин Валдземилер изработема во 1507 година, но форензичките анализи покажале дека мапата била направена околу 1960 година.
Сомнежот во автентичноста на каратата се појавл неодамма, кога на една акуција на „Кристи“ бил понудена слична мапа. Форензичката анализа покажала дека и двете карти – и онаа во Баварската библиотка и понудената на акуцијата на Кристи, се копии на автентичната мапа на Валдземилер, што се наоѓа во Универзитетот на Минесота во САД.
Картата на Валдземилер е позната по тоа што таа е прва мапа на светот на која е прикажан тогаш новоткриениот континент Америка.
МИА