Во сабота (11 мај) во „Јавна соба“ од 11 до 15 часот ќе се одржи базар на облека од „втора рака“, накит, книги и детски играчки под слоганот „’Second hand’ е подобро од ново“.
„Оваа сабота започнува Базарот каде што посетителите можат да си набават добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга или можеби некоја играчка. Ќе има бројни штандови со разноразни парчиња кои дефинитивно заслужуваат втора шанса“, велат од „Јавна соба“.
Оттаму велат дека трендот во големите градови и култура е рециклирање и рекреирање на веќе постоечкото и додаваат дека колку понапредни се општествата – толку повеќе се рециклира, се води сметка за животната околина и сè погласна и популарна е „second hand“ модата.
„Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем успех“, додаваат од „Јавна соба“.