Вечерва (5 ноември) во кафе „Пабло“, уметницата и активистка Almut Rembges ќе одржи презентација насловена „Bblackboxx – уметноста како еманципаторска практика против граничните политики“.
Вblackboxx е независен уметнички простор на швајцарската граница, во соседството на казнен комплекс, каде што се чуваат 300 баратели на азил, а понекогаш и се депортираат. Уште од 2007 година цела една мрежа од уметници и теоретичари околу bblackboxx разви програма од уметнички дејства и теоретска работа, која се спротиставува на засилените ксенофобични и супресивни миграциони политики на земјата.
Almut Rembges ќе зборува за специфичните еманципаторни практики на bblackboxx, како контра-модел против еден контекст, кој е дефиниран преку контрола и милосрдие.
Таа е концептуална уметница и активистка од Швајцарија. Во нејзините дваесетти години почнала да студираа бизнис економија. Престанала еден ден, кога морала да слуша еден професор кој објаснил зошто на капитализмот му се потреби сиромашните. Тогаш се префрлила на Уметничка теорија на универзитетот во Базел, каде во 2003 година магистрирала. По краток период како музејски водич, станала асистент за различни независни театарски групи во Швајцарија и Германија, каде што научила за практиките на документарен перформанс. Во 2007 година почнала да го води “bblackboxx”, неформален простор на отворено, на швајцарско-германската граница каде што соработува со уметници и теоретичари, кои се ангажирани во критичкиот дискурс за европската погранична политика. Просторот е споделен од страна и на граѓаните на Базел и од лица баратели на азил (луѓе без статус на граѓани), кои живеат во прифатниот камп во близина.
Заедно, тие имаат изградено отворена колаборативна мрежа која има реализирано повеќе од 60 уметнички проекти на самото место. Поголемиот дел од проектите ги третираат прашањата на самозајакнување, самоорганизирање и анти-расистички активности.
Овој настан на КООПЕРАЦИЈА е реализиран како резултат на соработката која Рембгес ја оствари при нејзиниот едномесечен престој во програмата „artist in residence”, а е поддржана од Pro Helvetia и реализирана во соработка со фестивалот CULTURESCAPES, „Факултет за работи што не се учат“, АКТО фествалот за современа уметност и Центар за Култура – Битола.
Настанот почнува во 19.00 часот.