Од 22 до 26 јули ќе се одржи охридскиот „Beach Film Festival 2020“, кој оваа година ќе го има третото издание.
Поради здравствените препораки поради коронавирусот, фестивалот оваа година се сели од плажата Оревче, на нова локација – плажата св. Стефан пред хотелот Холидeј М.
Во официјалната селекција на фестивалот се пет филмови и тоа:
Window by the sea – 23.07. 21:30 часот
Asimetrija – 23.07. 21:30 часот
Lovecut – 24.07. 21:35 часот
I am free – 25.07. 20:45 часот
Kala Azar – 25.07 22:20 часот
Организаторите најавуваат дека наскоро ќе бидат пуштени во онлајн продажба влезниците, кои ќе чинат по 100 денари.
Целосната програма на фестивалот погледнете ја на фотографијата во продолжение: