„Beats Of Asia“ во соработка со јапан@мк, по како што велат тие, долга пауза, повторно го враќаат звукот на корејската поп музика во скопските локали.
На 9 јули, сабота, со почеток во 20 часот, старите и новите генерации на к-поп љубители ќе можат да се соберат на едно место и заедно да танцуваат на хитови но и на најновата музика што ја нуди индустријата.
Забавата ќе се одржи во „Паб18“
„Имаме многу пропуштено! Се гледаме на 9 јули за да надокнадиме“, порачуваат организаторите.
Влезот за сите заинтересирани е бесплатен.