По повод сеќавање на светскиот музички генијалец Бела Барток, вечерва (20.02) во 20.00 часот во Јавна соба, ќе се одржи концерт на унгарското Oláh Dezső трио.
Концертот е организиран во соработка со унгарската амбасада во Скопје и унгарскиот директорат за уметност и култура. Триото ќе изведе програмска интерпретација на композиции од Бела Барток во џез варијанта.
Бела Барток е еден од најпознатите композитори на етно музика кој творел во дваесетиот век, најпознат унгарски композитор и еден од основачите на етномузикологијата.
Неговата музика се каректеризира со драматично менување на звукот во музиката на дваесетиот век.
Влезот за сите посетители е слободен. Резервација на седишта и маси е задолжителна поради лимитиран број на седишта.
Повеќе за настанот на следниов линк.