Северниот предел дел на Белата Куќа доби „редизајн“ по историската пресуда на Врховниот суд на САД да ги дозволи истополовите бракови во сите 50 американски држави.
Во петок вечерта, црвени, жолти, виолетови, сини и зелени светла ја покрија Белата куќа, што привлече голем број љубопитни луѓе, пренесе Mashable.
The White House bathed in rainbow #SCOTUSgaymarriage pic.twitter.com/65mfgdy0ZO
— lesley clark (@lesleyclark) June 27, 2015
Светлата изгледаа слично како и фотографијата со боите на виножитото, која Белата куќа претходно во денот ја постираше како своја профилна слика на официјалната Фесјбук страница. „Вечерва Белата куќа беше осветлена за да ја демонстрира нашата непоколеблива посветеност кон напредокот и еднаквоста, тука во Америка и ширум светот”, рече официјален претставник на Белата куќа. „Боите на гордост ја одразуваат разновидноста на ЛГБТ заедницата, а вечерва, овие бои прославуваат ново поглавје во историјата на американските граѓански права”.
Пит Соуза, главниот официјален фотограф на Белата куќа, објави фотографија на северниот тревник на неговиот Instagram профил со наслов: „Вечерва љубовта победи (#lovewins)“. Хаштагот е популарен на социјалните медиуми по одлуката на судот. Голем број новинари и посетителите на Белата куќа, исто така, објавија фотографии од шарената сцена.
So proud to be an American. #LoveWins pic.twitter.com/MZ98l8VxDR
— Valerie Jarrett (@vj44) June 27, 2015
The White House is lit up rainbow. pic.twitter.com/idCtt0vjRZ — Hunter Schwarz (@hunterschwarz) June 27, 2015
Извор: Mashable