Белгија соопшти дека ќе им обезбеди финансиска поддршка на жените во Полска кои не можат да абортираат, откако претходно земјата воведе скоро целосна забрана за прекинување на бременоста, со исклучок во случај на силување, инцест или кога здравјето на мајката е во опасност, јавува „Евроњуз“.
На докторите кои вршат абортуси пак, им се забранува затворска казна до три години.
Одлуката на Уставниот суд на Полска доведе до неколкунеделни протести во земјата и предупредувања од Европската Унија дека Полска мора да ги почитува фундаменталните права.
Денеска кога се одбележува Меѓународниот ден за пристап до безбеден абортус, белгискиот министер за здравство и еднаквост објави дека со 10.000 евра ќе ја финансира иницијативата Абортус без граници, што им помага на луѓето кои немаат пристап до абортус во Полска.
Белгија е и првата земја што финансира абортуси за жени во Полска.