Белгиското Министерство за одбрана планира да поднесе тужба против компанијата „Гугл“ поради објавување разни стратегиски важни армиски објекти на сервисот Гугл мапс.
Белгија од компанијата претходно побарала да се заматат сателитските снимки на две важни воздухопловни бази, од кои во едната се смета дека се чува американско нуклеарно оружје, но и од нафтени терминали во
пристаништето Антверпен и други стратегиски важни објекти што може да бидат цел на терористички напади.
Но, и покрај овие барања, „Гугл“ продолжил да ги споделува снимките од овие локации во полна резолуција, со сите можни детали, поради што белгиските власти ќе ја тужат компанијата, јавуваат европските медиуми.