По најавите, Белгиската комисија за заштита на приватноста поднесе тужба против Фејсбук до белгискиот суд поради злоупотреба на лични податоци, ојбави весникот „De Morgen“, пренесува порталот „Тech.eu“.
Предметот ќе се најде пред судот во четврток, а американскиот гигант Фејсбук е обвинет дека не ги почитува европските и белгиските закони. Како што пренесуваат европските медиуми, Белгиската комисија за приватност го забрза процесот поради наводите за „флагрантно и масовно кршење” на законите за заштита на личните податоци на граѓаните.
Според Фламанскиот центар за дигитални истраги (iMinds) и Слободниот универзитет во Брисел, Фејсбук обработува тајно лични податоци на свои корисници и на други корисници на интернет без да бара согласност.