Членовите на шпанскиот бенд „Белградо“ се дел од листата настапувачи кои годинава ќе се претстават на 11. издание на „Здраво млади“ во Скопје.
Оформен во 2010 година, со седиште во Барселона, „Белградо“ постои како иновативен предводник на глобалната пост-панк сцена. Сега, влегувајќи во нивната 11-та година, квартетот продолжува да настапува дома и во странство, носејќи ја со себе репутацијата изградена од трите албуми и импресивна кариера со многу турнеи што ги однесе до сите агли на земјината топка.
„Проникнувајќи од „DIY“ алтернативната сцена на Барселона, „Белградо“ првично тргуваше со стилска мешавина од пост-панк што може да се пронајде во Европа во раните 80-ти. По објавувањето на нивното деби LP (2011), бендот започна со богат распоред на турнеи низ Европа и Северна Америка. Како група напредуваа на нивниот втор албум Siglo XXI (2013) кајшто звукот стана појасен, елегантно вметнувајќи постуден елемент -рационализирање, за на крајот да бидат забележани како вистински фаворити на жанрот. Но, може да се тврди дека нивниот последен LP, Образ (2016), навистина демонстрираше за што е способен бендот. Софистициран, но сепак достапен, различен од нивниот претходен материјал, но сепак автентичниот звук на „Белградо“, стои во најавата за настанот.
„Белградо“ во моментот работат на нов албум, а дел од новиот материјал ќе биде претставен и на нивниот настап на „Здраво млади“. Покрај нив, на 11. издание на фестивалот ќе настапуваат и Viagra Boys, Shortparis, Noga Erez, ИСКРА, Murman Tsuladze.
Фестивалот ќе се одржува во парк МКЦ на 26 и 27 август. Билетите за двата фестивалски денови ќе чинат по 800 денари на билетарница МКЦ или преку bileti.mkc.mk.