Бели кругови за безбедно растојание – парк во Њујорк на едноставен начин промовира социјално дистанцирање

Њујоршкиот Домино парк доби бели кругови за да ја охрабри јавноста да остане на безбедно растојание за време на пандемијата, дури и кога е на отворено.

Лоциран во населбата Вилијамсбург во Бруклин, овој парк е меѓу првите во градот што смисли начин за спроведување со социјалното дистанцирање до 2 метри, колку што е препорачано за да се намали ширењето на коронавирусот.

Белите симетрични кругови ги прикажуваат местата каде посетителите може да седнат на растојани од 2 метри.

Бидејќи јавноста почнува да се собира во парковите во градот и времето се затоплува, концептот има за цел да ги оддалечи еден од друг. Исто така, тоа е релативно евтин и брз концепт за спроведување.

Покрај белите кругови, паркот користи и знаци за социјално растојание и упатства за носење маски, додека полицајците патролираат во областа и им даваат маски на лицето што немаат.

Извор: dezeen.com