Филмови на Иванов, Манчевски, Дума, Тачи, Митриќески и Цветков се меѓу 23-те филмски проекти кои добија средства од Агенцијата за филм на Северна Македонија на конкурсот за 2022 година.
Најмногу средства доби филмскиот проект „Белиот“ на режисерот Игор Иванов, на кого му се одобрени 44 милиони денари. „Биста“ од Милчо Манчевски доби 28 милиони денари, додека по 24 милиони денари добија филмските проекти „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, „Ајал“ на Арбен Тачи и „Генералот и пеперутката“ во режија на Антонио Митриќески.
Меѓу дебитантите во долгометражните играни филмови кои беа поддржани се најде проектот „Голиот остров“ на режисерот Алекс Цветков, кој доби 22 милиони денари.
Агенцијата за филм поддржа и пет документарни филмови. „Веднаш се враќам“ на Филип Кондовски доби 2 милиони денари, додека „Тука живеат само стари луѓе“ на Мирсад Абази доби 1,5 милиони денари. Поддршка добија и пет дебитанти со документарни филмски проекти – „Не сакам“ на Ханис Багашов, „Железен човек“ на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, како и „Х-хумор“ на Трифун Ситниковски.
Целосната листа на поддржани филмски проекти може да ја погледнете на следниов ЛИНК.