TheWrap објави нова студија за расната политика во американската филмска индустрија, во која доаѓа до заклучок дека и покрај промените на површина, бројките поврзани со разноличноста и отвореноста на сите раси и профили во Холивд и понатаму се поразителни.
Од 39 големи филмски наслови кои доаѓаат во мултиплексите во летната сезона, дури 37 биле потпишани од бели мажи. Само два наслови режирале Афроамериканци, а еден единствен потпишува жена, пренесе МИА.
Оскарите навестија нешто друго – наградата за режија отиде кај Мексиканецот (Куарон), најдобриот филм го снимил Афроамериканец (Меквин), а жена има најдобар анимиран филм (Џенифер Ли). Велат дека тоа е голема година за разноличноста во Холивуд.
Но последните статистики се поразителни па така белците режираат дури и филмови за црни икони, како приказната за Џејмс Браун. Само афроамериканската комедија („Think Like a Man’) и спортската драма („When The Game Stands Tall“) имаат црни режисери.
Латино популацијата ја претставува Роберт Родригез со „Sin City: A Dame To Kill For“, а најголема „егзотика“ во Холивуд моментално претставува Џејмс Ван, Малезиец одговорен за „Сложувалката на стравот“ и новиот дел „Брзи и бесни“.