„Ќе дојде ден ќе нема со кого да разговам. Ќе дојде ден кога сам со себе ќе се договорам. Ќе остане оваа земја сама на себе. И со популација од само еден“.
Вака почнува текстот за новата песна на триото „Педро Хоризонте“ – „Земја на еден жител“, чиј спот премиерно беше пуштен преку „Јутјуб“.
„Педро Хоризонте“ е нов бенд составен од искусни музичари кои повеќе од 25 години се активни на македонската музичка сцена.
Вокалот и басот е на Петар Младеновски – Пеце, на гитара е Гога Поп Георгиевски, а на тапани e Иво Митковски.