Бендот „RАТМ“ со донации, а Кендрик Ламар со јавна критика во борба за репродуктивните права во САД

Рок бендот „Rage against the machine“ донира 475 милиони долари во организации за репродуктивно здравје во Висконсин и Илиноис. Средствата се од собрани од нивниот хуманитарен концерт што се одржа во Чикаго.

„Ние сме згрозени по поништувањето на „Ро против Вејд“ и на уништувачкото влијание што ќе се пренесе на 10 милиони луѓе. Половина од САД (26 држави) наскоро ќе го забранат или ограничат абортусот што несразмерно ќе влијае на сиромашните, работничката класа и останатите маргинализирани групи жители“, пишува бендот на официјалниот Твитер профил.

Бендот порача дека треба да продолжи отпорот со цел да не се одземе репродуктивната слобода.

Ѕвездите ја осудија одлуката за поништување на абортусот на сцената на „Гластонбери“

Вчера на затворањето на фестивалот „Гластонбери“, познатиот рапер Кендрик Ламар  го искористи својот настап да ја пренесе пораката за протест против одземањето на правото на абортус на жените во САД.

„Ламар имаше настап каков што публика досега нема просведочено, јави „Би-би-си“. Оттаму пишуваат дека раперот се појавил на сцена со круна од трње.

„Божја волја за правата на жените. Тие те судат тебе, тие го судат Исус“, рече раперот драматично повторувајќи ја фразата повторно и повторно додека по лицето му се слеваше крв.

„Би-би-си“ пренесува дека протест во знак на петочната одлука на Врховниот суд на САД да го поништи „Ро против Вејд“, правото на жените за легален абортус имаа и дел од другите светски познати музички ѕвезди.

„Денес е навистина мрачен ден за жените во Соединетите Американски Држави. Ќе кажам дека не можам да поднесам веќе да мислам на тоа“, изјави популарната поп пеачка Били Ајлиш пред да ја отпее песната „Your Power“ на настапот на светскиот фестивал на современи уметности, „Гластонбери“.

Раперката Меган Ди Сталион одлуката ја опиша како срамна, додека Оливија Родриго јавно го пренесе револтот користејќи ги зборовите „Ве мразиме“.

„Многу жени и девојки ќе умрат поради оваа одлука, и следнава песна сакам да им ја посветам на петте членови на Врховниот суд што ни покажаа дека на крајот од денот ним не им е грижа за нашата слобода“, рече 19 годишната пеачка и ја повика Лили Ален заедно да ја испеат песната „F You“.

Вчера на затворањето на фестивалот „Гластонбери“, познатиот рапер Кендрик Ламар исто така го искористи својот настап да ја пренесе пораката за протест против одземањето на правото на абортус на жените во САД.

Во меѓувреме, „Индипендент“ јавува дека за време на концерт во Лондон во петокот вечер, фронтменот на рок групата „Грин Деј“, Били Џо Амстронг јавно изјавил дека се откажува од своето американско државјанство.

„Проклета Америка, се  откажувам од своето државјанство, ќе се преселам овде“, рече тој пред бројната публика на концертот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Engage Kicks & Gigs (@radiomofmusic)